Вестбрук: Не сум виновен за неуспехот на Лејкерс, никогаш не добив ви
Плејмејкерот оваа сезона во просек постигнуваше по 18,5 поени, 7,4 скокови и 7,1 асистенција по меч, и тоа со ужасен шут за три поени со успешност од само 29,8 отсто, по што Вестбрук го критикуваше поранешниот тренер Френк Вогел.
„Очигледно оваа сезона не беше добра ниту за тимот, ниту за мене. Беше разочарување и тоа сигурно нема да биде така следната година. Не сум сигурен што беше неговиот проблем со мене. Тоа прашање треба тој да го одговори. Не добив вистинска шанса да покажам тоа што сум“, изјави Вестбрук.