Со години шпанскиот гигант Барселона заостануваше зад својот најголем ривал Реал играше очаен фудбал и без позабележителни резултати. Очигледно таа состојба е надмината, тоа време е минато, Барселона во новата сезона е можеби најпријатното изенадување во топ-5 лигите и покрај тоа што се работи за гигант.

По 12 кола во Ла Лига, Барса е на чело на табелата со девет бода предност пред Реал и натпревар повеќе, но љубителите на фудбалот се особено импресионирани од леснотијата со која игра и постигнува голови каталонскиот клуб. Прерано е да се даваат какви било прогнози за остатокот од сезоната, но во оваа фаза од сезоната, статистичките параметри се зачудувачки.

На првите 15 натпревари од новата сезона во сите натпреварувања, Барселона постигна 50 гола што е апсолутен клупски рекорд и ефект кој клубот не успеа да го оствари дури и кога во тимот беа Меси, Нејмар и Суарез. Напаѓачкото трио оваа сезона Левандовски-Рафиња-Јамал досега постигна 34 гола со тоа што мора да се има предвид дека Јамал има само 17 години, возраст на која Меси едвај добиваше шанса во првиот тим.

Што се однесува само до Ла Лига, Барса е на бројката од 40 гола што не е забележано од сезоната 1950/51. На 11 од првите 12 натпревари во шпанското првенство, Барса постигна по два или повеќе голови, а се уште нема ниеден меч, вклучувајќи ги и оние од Лигата на шампионите на кои не ја тресеше противничката мрежа.