Европскиот шампион Челси ја оправда фаворитската улога во ФА-купот и славеше против Честерфилд со 5-1, па така обезбеди место во следното коло.

Вернер го отвори резултатот во шестата минута, а до крајот на првото полувреме во листата со стрелци се запишаа уште и Хадсон-Одои, Лукаку и Кристенсен.

Челси во второто полувреме играше за нијанса полошо од првиот дел, но и покрај тоа постигна петти гол преку Зијех од пенал, по што Честерфилд даде почесен погодок преку Асанте во 80. минута.