Американската скијачка Микаела Шифрин победи во велеслаломот за Светскиот куп во Куршевел, Франција и дојде до својата 72. победа во кариерата и 14. во велеслалом.
Второто место и припадна на Швеѓанката Сара Хектор (+0,86), која четврти пат во кариерата е на подиумот, додека трета заврши Швајцарката Мишел Гисин (+1,08).
Словачката Петра Влхова напредуваше од шестото на четвртото, а Французинката Теса Ворли од осмото на петтото.