Велшкиот фудбалер Герет Бејл моментално е во својата татковина, каде тренира со Кардиф Сити додека не најде нов клуб.
Но, Кардиф би можел да биде следниот тим за некогаш одлично крило! Герет Бејл по заминувањето од Реал Мадрид ја однесе својата репрезентација на Мундијалот во Катар и сега сака да ја одржува формата до зима за да може неговата репрезентација да игра што подобро во најголемото фудбалско натпреварување во светот.
После тоа Герет Бејл би можел да се пензионира, што го најави во последниот разговор со медиумите. Се споменуваше дека може да остане во Шпанија, се зборуваше дури и за Хетафе, но Бејл ја отфрли таа можност.
Тој веќе некое време тренира со тимот на Кардиф, а кога веќе се сретнаа,се разговара и за можна соработка и по последниот состанок тоа оди позитивна насока за двете страни! Бејл ќе биде дома, блиску до семејството и во силна конкуренција како што е Чемпионшип ќе може да ја усоврши формата за Светското првенство.
Јасно е дека Кардиф нема да може да му обезбеди на Бејл финансиски моќни услови како оние од Реал Мадрид, но тоа во моментов не е примарно за него.