Шпанскиот првак Атлетико Мадрид ја оствари 13. победа оваа сезона во Ла Лига совладувајќи ја Селта на „Ванда Метрополитано“ со 2-0. Со тоа се искачи на четвртата позиција на табелата со 45 бода, три повеќе од Барселона која утре го пречекува Атлетик Билбао.
Ренан Лоди беше човекот на одлука за тимот на Диего Симеоне. Го отвори резултатот во 36.минута, а во второто полувреме уште еднаш ја затресе мрежата на гостите од Виго.-