Екипата на Рома брзо се опорави од поразот од Интер на домашен терен и славеше убедлива победа (0-3) на гости кај Фросиноне. Тимот на Даниеле де Роси покажа победнички карактер и во ниеден момент резултатот не беше загрозен.
Моментот на натпреварот се случи во 38. минута кога тинејџерот Дин Хојсен постигна прекрасен гол по соло-акција за 0-1, додека за Рома погодија уште Сердар Азмун и Леандро Паредес од пенал.
Рома во четврток ја очекува дуелот со Феенорд во Лигата на Европа по ремито 1-1 на „Де Кујп“. Де Роси успеа да ги одмори Пауло Дибала и Ромелу Лукаку, како и уште неколкумина кои би можеле да му значат за реваншот.
Тинејџерот Дин Хујсен во 38.минута го отвори резултатот, Сардар Азмун зголеми на 0-2 во 71.минута, а десет минути подоцна погоди и Леандро Паредес.