Екипата на Манчестер Јунајтед ја оствари четвртата последователна победа во Премиер – лига, со триумфот на гости против Лутон со 1-2. Сѐ се случи многу брзо, уште на самиот почеток од натпреварот.
Расмус Хојлунг ги доведе „ѓаволите“ во водство уште во првата минута, а во седмата веќе зголеми и на 0-2.
Карлтон Морис во 14.минута постигна гол за надеж за Лутон, но, сепак, домаќинот не успеа да израмни до крајот на натпреварот.