Баерн Минхен доби уште еден тежок удар во Бундеслигата. Моќниот тим од Минхен по поразот од Баер Леверкузен во претходното коло, киксираше и против Бохум и загуби со 3-2.

Баварците по поразот од Лацио, одиграа натпревар далеку под своите можности, и направија нов голем чекор назад во трката за титулата. Со овој пораз Баерн е сè подалеку од одбрана на титулата, бидејќи лидерот Баер Леверкузен сега му бега осум бода.

Мусиала во 14. минута донесе водство за Баерн од 0-1. Но, овој пат Бохум не дозволи уште еден тежок пораз (7-0 во првата нивна пресметка оваа сезона) и одлучи да се одмазди, па до крајот на полувремето постигна два гола преку Асано и Шлотербек, направи пресврт па поведе со 2-1. Во вториот дел Упамекано направи прекршок и Штогер од пенал погоди за 3-1.

До крајот на средбата Баерн успеа само да го ублажи поразот, откако Хари Кејн ги постави конечните 3-2.

За само осум дена, Баерн претрпе три болни порази и многу веројатно вечерва или најдоцна утре Томас Тухел ќе биде поранешен тренер на баварскиот гигант.

 За повторно да ја одбранат титулата, на „баварците“ им е потребно да победат се до крајот, а Баер, кој е несовладан сезонава во сите натпреварувања, треба да доживее три порази.

 

 

Во 78. минута Упамекано го доби вториот жолт и автоматски црвен картон при што направи и пенал кој во гол го претвори Штегер.