Фрајбург и Ајнтрахт Франкфурт одиграа возбудлив натпревар во 22. коло од Бундеслигата играјќи нерешено 3-3.
Изобилие од многу шанси имаше на двете страни, а крајниот исход беше најреален во однос на прикажаното на теренот. Публиката проследи четири голови во првото полувреме, Фрајбург двапати се враќаше од негатива, а на паузата резултатот беше 2-2.
На стартот од вториот дел се случи мал прекин на дуелот, откако се појави мало моделарно авионче кое леташе над играчите на двата тима, а судијата означи прекин додека истото не беше отстрането од теренот.
Натпреварот набргу продолжи, а во продолжение двата тима постигнаа уште по еден гол. Ансгар Кнауф по третпат ги доведе гостите во водство со голот во 72. минута, но потоа Австриецот Микаел Грегорич го врати Фрајбург во живот ги постави конечните 3-3 во последната минута од регуларното време.
Фрајбург е осмопласиран во Бундеслигата со 29 бодови, додека Ајнтрахт Франкфурт стигна до 33 бода и ја зазема шестата позиција.