Матеј Цветановски се најде во стартниот состав за својот тим Гирмот на гостувањето кај фаворитот Ференцварош и успеа да обезбеди бод во ремито 1:1.
Иако домаќинот имаше императив на победа пред себе на овој меч со оглед на амбициите сезонава, сепак Цветановски и неговите соиграчи успеаа да изненадат и да освојат злато вреден бод на тешкото гостување.
Ференцварош и натаму е лидер во шампионатот на Унгарија со 43. бода, додека пак Гирмот успеа да дојде со ова реми до „котата“ 24.