Во групната фаза од Лигата на Европа ќе има четири македонски фудбалери, и тоа Иван Тричковски (АЕК Ларнака), Енис Барди (Трабзонспор), Ердал Ракип (Малме) и Езгијан Алиоски (Фенербахче). Интересно е дека клубовите на Алиоски и на Тричковски ќе играат во истата група Б, па ќе следиме два нивни дуели. Така одреди денешниот ждреб.
Енис Барди откако со Трабзонспор не успеа да се пласира во ЛШ, сега ќе игра против Црвена Звезда на белградска „Маракана“, но и против Монако и Ференцварош, како дел од групата Х.
Манчестер Јунајтед е во групата Е, заедно со Реал Сосиедад, Митјиланд и со Омонија, а во групата А ќе вкрстат Арсенал и ПСВ Ајндховен, заедно со Бодо/Глимт и со Цирих.
Големото финале е закажано за 31 мај, на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта.
ГРУПИ ВО ЛИГА ЕВРОПА
ГРУПА А: Арсенал, ПСВ Ајндховен, Бодо/Глимт, Цирих;
ГРУПА Б: Динамо Киев, Рен, Фенербахче, АЕК Ларнака;
ГРУПА Ц: Рома, Лудогорец, Бетис, ХЈК Хелсинки;
ГРУПА Д: Брага, Малме, Унион Берлин, Унион Сент Жил;
ГРУПА Е: Манчестер Јунајтед, Реал Сосиедад, Митјиланд, Омонија;
ГРУПА Ф: Лацио, Феенорд, Унион Берлин, Штурм Грац;
ГРУПА Г: Олимпијакос, Карабах, Фрајбург, Нант;
ГРУПА Х: Црвена Звезда, Монако, Ференцварош, Трабзонспор;