Веслачкиот клуб Црн Дрим – Струга изминатиот викенд (23 и 24.09.2023 год.) учествуваше на силната меѓународна регата во Пловдив , Бугарија каде покрај нашиот претставник учествуваа и екипите на ВК Палич од Србија , ВК Черпоков Пловдив , ВК ЦСКА Софија , ВК Хеброс Пловдив , ВК Бургас и домаќинот и организатор на оваа регата ВК Тракија Пловдив .
Македонскиот претставник ВК Црн Дрим оствари фантастични резултати и го освои првото место во севкупниот пласман .
-Ана Прентоска го освои првото место во дисциплината скиф пионерки , а во дисциплината скиф кадетки заврши како втора
-Климентина Стојмиловска го освои првото место во дисциплината скиф јуниорки
-Елена Столеска го освои третото место во дисциплината скиф сениорки
-Леон Шутиноски и Андреј Симоновиќ го освоија првото место во дисциплината дубл кадети
-Цвете Димоски и Вања Кукунеш го освоија второто место во дисциплината дубл пионери
-Кристијан Китаноски го освои второто место во дисциплината скиф јуниори
-Александар Хиохи го освои четвртото место во дисциплината скиф пионери
Струшките веслачи на оваа регата беа предводени од тренерите Игор Скепароски и Никола Мариноски и тим менаџерот Коста Хиохи .
,,Со настапот на регатата во Пловдив успешно ја завршивме оваа сезона и ги потврдивме одличните резултати кои ги остваривме оваа година ” изјави претседателот на ВК Црн Дрим , др.Здравко Голабоски