Пари Сен Жермен има многу тешка задача да ја задржи најбараната ѕвезда на францускиот фудбал во моментов, Килијан Мбапе.
Нема да биде лесно поради големиот притисок на Реал, на кој напаѓачот наводно веќе му ветил дека ќе потпише, но Парижаните не се откажуваат и се подготвени да понудат нешто што никогаш никому не му понудиле.
Тоа практично би значело дека фудбалерот ќе може самоволно да менува тренери и играчи, нешто што Лео Меси неофицијално го правеше во Барселона!
Со таа разлика што Меси и клубот освоија се што можеше да се освои и стана веројатно најголемиот играч во историјата на каталонскиот тим, пред да дојде во таква ситуација.
Мбапе освојуваше домашни трофеи, го освои и Светското првенство со Франција, но му недостига Лигата на шампионите за да го потврди својот авторитет не само во светот, туку и меѓу соиграчите во соблекувалната каде што веќе има европски клупски шампиони.
Ваквиот потег би претставувал голем ризик за ПСЖ, но се чини дека клубот е подготвен на се за да го задржи Мбапе и ова лето.