Екипите на Ал-Ахли од Египет и Видад Казабланка од Мароко вечерва ќе го одиграат првиот натпревар од финалето на африканската Лига на шампиони.
Ал-Ахли од Каиро е најтрофејната екипа во Африка, а третпат во финалето ќе игра против Видад. Сепак, иако се најтрофејни, претходните две финални пресметки против мароканците ги загубија. Минатата година Видад беше подобар со 2-0 во единствениот меч кој се одигра во Казабланка, а во 2017-тата година во Египет беше нерешено, 1-1, а во Мароко победи Видад со 1-0.
После три сезони во кои финалето на африканската Лига на шампиони се играше во само еден натпревар, од оваа сезона повторно се враќа стариот формат со два натпревари, дома и гости.