Бон славеше и на третата средба против Лудвигзбург, прв триумф на негов терен (82-73) и со вкупни 3-0 експресно ја затвори оваа полуфинална пресметка. Лидер беше токму Шортс со 20 поени, 3 скока, 4 асистенции и 2 украдени топки, а Хокинс му беше најголема поддршка со 12 кошеви.
Инаку Улм до финалето стигна преку евролигашите Алба Берлин и Баерн Минхен што значи дека Шортс и компанија ќе имаат разигран, и тежок ривал во пресметката за пехарот.