Наполи триумфално ја круниса најубедливата сезона во својата модерна историја, можеби и воопшто во настапите во Серија А, потврдувајќи јa третата клупска титула.

Формалната победа од резултатски аспект, но многу важна за да продолжи да гори атмосферата на „Диего Армандо Марадона“ беше изразена со 2-0 против веќе испаднатата Сампдорија.

По мирното прво полувреме, Осимен од пенал го отвори резултатот во 65. минута, а Симеоне во 84-тата го удвои водството со прекрасен удар од далечина.

https://twitter.com/FootballReprt/status/1665427467757125635?s=20

Елиф Елмас беше стартер, но беше заменет во 68. минута. Наполи заврши на првото место на табелата во Италија, со 90 бода, 16 повеќе од Лацио.