Францускиот ас Карим Бензема го одигра последниот натпревар за Реал Мадрид и се опрости со гол од пенал во ремито (1-1) против Атлетик Билбао на „Сантијаго Бернабеу“.

Тој ја затресе мрежата со последниот допир на топката во 72.минута когa реализираше пенал, а потоа излезе од теренот и доби огромни овации за сѐ што направи во „кралскиот клуб“. Огромен број трофеи, „Златна топка“ и неверојатни спомени. Тој ја продолжува кариерата во Саудиска Арабија во Итихад.

Марко Асенсио исто така доби овации, а Сансет погоди за Атлетик Билбао во 49.минута. Весга во десеттата минута не реализира пенал.

Реал Мадрид на крајот заврши на втората позиција со 78 бода, еден повеќе од Атлетико Мадрид, кој одигра 2-2 на гости кај Вилјареал.