0

Во фантастичен меч со 4 гола, Атлетико (М) и Реал Сосиедад на крајот одиграа 2:2 во уште едно дерби од шпанската Ла Лига во ова коло.

Гостите одлично го отворија натпреварот и во седмата минута поведоа со голот на Сорлот, а асистент беше Исак. Токму Исак, ја круниса одличната вечер со гол во 48. минута за 0:2, што најавуваше големо изненадување.

Сепак, „јорганџиите“ собраа сили и се вратија во живот. Луис Суарез погоди во 61. минута за 1:2 по проигрувањето со Жоао Феликс, а во 77. минута Уругваецот погоди и од пенал за 2:2.

Реал Сосиедад остана лидер со 21 бод, бод повеќе од Реал Мадрид, додека Атлетико е на четвртото место со 18 бодови.