Еден од најдобрите светски ракометари Сандер Сагосен заработи тешка повреда во победата на Кил против ХСВ и му претстои долга пауза .
Сандер Сагосен е под голем сомнеж за настап на Светското првенство кое е закажано за јануари следната година, а тоа само по себе говори за сериозноста на повредата што ја заработи при победата на Кил во германското првенство против ХСВ.
Докторот од Кил, Сандер Преис, го следеше Сагосен во болница по повредата, снимањето покажа дека тој заработи фрактура на глуждот и му беше ставен гипс, а Преис потврди дека ќе биде надвор од терените меѓу шест и осум месеци.
Кил ќе игра на завршниот турнир во Лигата на шампионите, а покрај загубата на Сагосен, неодамна го загуби и Хендрик Пекелер, кој пак заработи тешка повреда на Ахиловата тетива.
“За жал, во ракометот се случуваат работи кои не требаше да се случат. Да се загуби уште еден играч во оваа фаза од сезоната е тежок удар. Му посакуваме на Сандер брзо закрепнување”, изјави извршниот директор Виктор Шилаѓи, а тренерот Филип Јиха додаде:
“Брутално е што загубивме двајца од нашите клучни играчи поради повреди за толку кратко време. Жал ни е за Пекелер и сега за Сандер, но исто така знаеме дека мора да одиме понатаму без нив”.