По серијата лоши игри и резултати, екипата на Хановер конечно донесе насмевка кај своите фанови, откако во рамки од осмото коло во Бундеслигата славеше на гостувањето кај Ерланген и го запиша вториот овосезонски триумф во германската елита.
Резултатот на полувремето беше 16:14 за домашните но тимот предводен од поранешниот селектор на „панцирите“ Кристијан Прокоп покажаа моќ во второто полувреме и со 21 гол во домашната мрежа се изборија за голема победа од 31-35.
Нашиот репрезентативец Филип Кузмановски имаше забележителен настап и натпреварот го заврши со пет погодоци без ниту едно промашување. Пред крајот на натпреварот доби црвен картон, откако трипати беше опоменуван со казна од две минути.
Најефикасен на натпреварот беше тимскиот колега на Кузмановски, Јохан Хансен кој постигна 8 голови.
Со овој триумф Хановер е на 15тото место на табелата.