На натпреварот од 2. коло од Лигата на нации меѓу Шведска и Норвешка дојде до конфликт меѓу домашниот фудбалер со српско потекло Александар Милошевиќ и Ерлинг Халанд.
Најдобриот фудбалер на Норвешка се најда на удар од шведскиот дефанзивец кој директно му се закани, за што зборуваше Халанд по натпреварот.
„Ми рече дека сум ку*ва и дека ќе ми ги искрши нозете, а минута потоа постигнав гол. Одлично е чувството кога даваш голови за репрезентацијата, нашиот народ го заслужува тоа“, изјави Халанд по натпревар.
https://twitter.com/EvenKarpuz1/status/1533546208945491968?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1533546208945491968%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Ffudbal%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D06dd%3D06nav_id%3D2167039
Тој постигна два гола во победата од 2:1, а претходно ја совладаа Србија во Белград со неговиот гол за 1:0.
Вториот гол го даде само неколку секунди по вербалниот дуел со Милошевиќ, што беше најдобра „одмазда“.
Норвешка сега има шест бода по две гостувања и е прва пред Шведска и Србија, кои во четврток се среќаваат во Солна.
Милошевиќ е по потекло од Србија, но е роден во Шведска, каде што неговиот татко се оженил со мајка со шведско и финско потекло.
Имаше опција да игра за Србија, играше за Србија до 17 години и се двоумеше околу тоа, но на крајот реши да игра за Скандинавците, за кои досега одигра девет натпревари.
Досега има настапувано за АИК, Бешикташ, Хановер, Дармштад, Нотингем Форест и Вејле.