Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со победа стартуваше на Ролан Гарос, во три сета го совлада Пјер-Хуге Херберт од Франција.
Хербер е 142. место на АТП листата, овој меч му беше прв оваа сезона, но добро го изнамачи Новак Ѓоковиќ.
Србинот го доби првиот сет со 6-4, во вториот се играше тај-брејк кој му припадна на Ѓоковиќ со 7-3. Во третиот сет најдобриот тенисер на светот беше подобар со 6-4 и ја комплетира победата од 3-0 во сетови.
Во второто коло Ѓоковиќ ќе игра против Карбаљес Баена од Шпанија кој со 3-1 го совлада Французинот, Лестиен.