Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски со тимот на Фенербахче избори пласман во групната фаза од Лигата на Европа. Турскиот клуб и вторпат славеше над Австрија Виена, сега во Истанбул со 4-1.
Езгијан Алиоски го одигра целиот натпревар за Фенербахче, а стрелци на головите беа Исмаил Јурксек, Ирфан Кахвечи (два) и Мерт Јандас. За Австрија Виена стрелаше Марвин Мартинс.