Младите кошаркари на Македонија претрпеа и трет убедлив пораз во групната фаза од Европското првенство од „А“ дивизијата. Подобра од нашите кошаркари денес беше Белгија која победи со 84:59.
Македонија катастрофално го започна натпреварот со многу проблеми во реализацијата и во првите десет минути постигнавме само четири поени. По сигурната предност уште на стартот ниту еднаш не се ни доближивме да ја загрозиме победата на Белгијците кои сигурно ја одржуваа високата разлика.
Најквалитетен период во нашата игра беше третата четвртина, но и тој период го загубивме со два разлика (20:22). Претходно избрaниците на селекторот Смилковски катастрофално беа поразени од Шпанија и Турција.
Најефикасни во нашите редови беа Симиќ и Бошалевски со по 14 поени, Јовановиќ постигна еден помалку.
Македонија ќе ја заврши групната фаза како четвртопласирана, што значи дека во осминафиналето ќе се соочиме со силната Словенија, која досега не забележа ниту еден пораз.