Шпанскиот гигант Реал Мадрид направи уште еден кикс во Ла Лига откако одигра 0-0 против Вилјареал, па така ѝ дозволи на Севилја да му се доближи на само четири бода.
Тренерот Карло Анчелоти повторно се реши да напаѓа без класичен напаѓач и го остави Лука Јовиќ на клупата, додека шанса во шпицот доби Герет Бејл, но ѕвездите на „кралскиот клуб“ беа без одговор во нападот.
Реал беше подобар противник на теренот и имаше добри шанси, меѓутоа останаа неискористени, па на крајот двете екипи си поделија по еден бод.
„Кралевите“ се први со 54 бодови, Севилја има 50, Бетис е трет со 40 бода, додека Барселона е на четвртата позиција со два бодови помалку.