Чешкиот тенисер Јиржи Весели се пласираше во финалето на турнирот во категоријата АТП 500 во Дубаи.
Весели по три сета го победи Денис Шаповалов.
Беше 6:7, 7:6, 7:6 во сетови.
Весели брзо направи брејк и дојде до 3:0, но во продолжение од сетот Канаѓанецот го врати брејкот и сетот го одведе во тај-брејк.
Таму по голема борба славеше со 9:7.
Шаповалов беше агресивен и го нападна Весели во вториот сет, но Чехот ги одбрани сите напади и вториот сет го однесе во тај-брејк со сигурни сервиси, каде го совлада Шаповалов со 7:2.
Во решавачкиот сет водеше со 4:3, имаше 0:40 и три брејк топки за да реши се, но не ги искористи сите три. Шаповалов беше храбар, напаѓаше и добро се бранеше, а потоа во следниот гем ја искористи психолошката предност и направи брејк.
Тој сервираше за победа, но Весели направи брејк и повторно гледавме тај-брејкот.
Таму лесно славеше Весели со 7:3 и го закажа финалето против Андреј Рубљев.
Потсетуваме, Весели во четвртфиналето го исфрли Новак Ѓоковиќ и го симна од врвот на АТП листата.