Македонскиот ракометен шампион Вардар го објави името на уште едно засилување во своите редови.

„Црвено-црните” до крајот на сезоната ќе бидат посилни за еден од најдобрите дефанзивни македонски ракометари, Велко Марковски.

Вардар и Марковски се договорија на соработка до крајот на оваа сезона со можност за продолжување на договорот.

Поранешниот репрезентативец се враќа во редовите каде што ја започна својата ракометна кариера, а Вардар и тренерот Недановски добиваат голема помош во дефанзивата.

Покрај Марковски, Вардар за следната сезона веќе ги договори македонските репрезентативци Томислав Јагуриновски и Михаил Аларов кои ќе пристигнат од редовите на Пролет, и бразилецот Леонардо Дутра кој пристигнува од Шпанија поточно од екипата на Ла Риоха.