Екипата на Еурофарм Пелистер го реши АЕК и го потврди пласманот во нокаут фазата на Европската лига на ЕХФ.
Битолчани доминираа против грчкиот претставник, па двајца нивни асови се најдоа во најновите Топ 5 избори на медии тимот на ЕХФ.
Имено кружниот напаѓач Елмир Граџан го има четвртиот најатрактивен погодок на рундата откако мајсторски го измами голманот на АЕК (Овде можете да го погледнете тој момент).
Голманот Мартон Секељи пак ја има најубавата, најдобрата одбрана на 10 рунда во второто по ранг европско натпреварување. (Овде можете да го погледнете таа мајсторија)
Инаку ривал на нашиот претставник во првата нокаут рунда ќе биде составот на Нексе од Нашице.