Во Јужна Африка имаат многу проблеми со местењето на натпревари, а посебно кај нисколигашите поради што неодамна беа суспендирани четири тима откако се обидоа да наместат резултати за да слават во лигата.
Шивулани Тајгерс во битката за титула славеше против Котоко Хепи Бојс со неверојатни 33-1, но потоа Матијаси го уништија третопласираниот Нсами Мајти Брдс со убедливи 59-1.
Сепак, тоа што е неверојатно е дека екипата на Нсами Мајти Брдс си постигнала дури 41 автогол во поразот од 1-59 против ривалот, а тоа беше доволен повод на федерацијата да ги суспендира сите четири клубови во период од четири до осум сезони.
Ова не е ништо во фудбалот во Африка, откако два тима од Нигерија беа суспендирани на 10 години во 2013 поради резултати од 79-0 и 67-0.
Меѓутоа, рекордот го имаат во Мадагаскар, каде што најголемата регистрирана победа е 149-0.