Ракометарите на Португалија одиграа извонреден натпревар и го шокираа фаворитот Норвешка со 37-32 на стартот на втората фаза од Европското првенство во Германија.
Норвешка го доживеа третиот неуспех во низа. Лошата серија започна со ремито против Фарски Острови, а пред овој меч следеше и пораз од Словенија.
Норвешка имаше контрола во поголемиот дел од првото полувреме, водеше и со три голови разлика (10-7), но во завршницата Португалија направи серија од 6-0 и го сврте резултатот во своја корист (17-13).
Португалците во вториот дел успешно се бранеа од Норвежаните и не дозволија ниту еднаш противникот да го израмни резултатот, а на крајот оствари победа од 37-32.
Портела имаше осум гола кај победникот, пред Коста со седум гола, додека кај Норвешка, Блонц постигна седум, а Бјорнсен погоди шест пати. Најдобриот играч Сандер Сагосен даде само два гола.
Португалија има два бода во групата 2 и се наоѓа на четвртата позиција, додека Норвешка е последна без освоен бод.