Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ повторно е ставен во имиграциски притвор во Мелбурн.

Агенцијата „Асошиејтед прес“ објави фотографија од Новак Ѓоковиќ, заедно со која напиша дека е направена во моментот кога српскиот тенисер по вторпат бил однесен во канцеларијата за имиграција.

Новак ќе биде во притвор во очекување на почетокот на официјалното рочиште на кое ќе се одлучува дали може да остане во Австралија откако по вторпат му беше укината визата.

https://twitter.com/_juliabradley/status/1482200495859335169?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1482200495859335169%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fsport%2Ftenis%2F3850689%2Fnovaka-voze-u-imigracioni-pritvor

На подготвителното рочиште, одржано синоќа, судијата Дејвид О’Калахан закажа официјално рочиште пред Федералниот суд на Австралија за денес во 23.30 часот по средноевропско време.