Веќе неколку дена трае војната меѓу Украина и Русија, а голем број украински спортисти се мобилизираа и се приклучија на нивната армија за да помогнат во војната против нивниот сосед.
На украинската војска ѝ се приклучи и Сергeј Стаковски, кој досега во кариерата освои четири трофеи, додека една од најголемите победи ја оствари против Роџер Федерер на Вимблдон во 2013 година.
„Знам да користам пиштол. Ова беше тешка одлука за мојата жена. Моите деца не знаат дека сум тука. Нема да пронајдеш правда во пеколот. Путин, ќе ти танцувам на гробот. Нема да се извлечеш“, беше пораката од тенисерот.