Штутгарт оствари важен триумф (0-1) на гости против Борусија Дортмунд и се израмни бодовно со Баерн Минхен, иако сѐ уште се наоѓа на третата позиција на табелата.
Она што требаше да биде големо дерби на германскиот фудбал, не донесе премногу возбудувања на „Сигнал Идуна Парк“ („Вестфален“), а домашните навивачи беа разочарани од настапот на своите миленици, кои загубија на 50. годишнината од изградбата на култниот стадион. Овој пораз на „милионерите“ значително му годи и на Лајпциг, тимот на Елиф Елмас, кој сега е на четвртата позиција со 53 бода, колку што има и Борусија Дортмунд.
Серху Гираси беше човекот на одлука на овој меч. Напаѓачот на Штутгарт беше стрелец на голот за победа, ја погоди мрежата на домашниот тим во 64.минута од дуелот.