Астон Вила направи уште еден погрешен чекор во битката за пласман во ЛШ, откако одигра само 3-3 против Брентфорд на домашен терен. Сега тимот на Унаи Емери има три бода предност, но и два одирани натпревари повеќе од Тотенхем.
Оли Воткинс во 39.минута донесе водство, а Морган Роџерс зголеми на 2-0 во 46.минута. Но, потоа возврати тимот на Брентфорд. Занка, Мбеумо и Виса во период од девет минути постигнаа три гола за комплетен пресврт. Домашните беа на праг на пораз но Оли Воткинс на крајот успеа да израмни на 3-3, но сепак Астон Вила не успеа да стигне до триумф.
Евертон го победи Барнли со 1-0, со голот на Доминик Калверт-Луин, а и Њукасл славеше минимално (0-1) на гости против Фулам, стрелец беше Бруно Гимараеш.
Лутон го победи Борнмут со 2-1, а Вест Хем триумфираше на гости против Вулверхемптон со 1-2.