Екипите на Манчестер Јунајтед и Ливерпул одиграа нерешено (2-2) на Олд трафорд, во дербито на 31. коло од Премиер лигата по што сликата во борбата за шампионската титула е крајно замрсена.
Апсолутен губитник од ваквиот исход е Ливерпул, не само затоа што загуби два бода, туку и бидејќи цело прво полувреме буквално го мелеше домаќинот во денешната пресметка. Во воведните 45 минути, Јунајтед не упати шут кон голот на „црвените“, па Ливерпул со голот на Луис Дијаз на пауза замина со водство од 1-0.
Во 50. минута Куанса направи неверојатна грешка на средината на теренот и му ја подари топката на средината од теренот на Бруно Фернандес, а овој шутираше на прва и го совлада Келехер. Резултатот тотално се смени во 67. минута кога Мејну постигна фантастичен гол од врвот на шеснаесетникот за водство на Јунајтед од 2-1. Во 84. минута Салах од пенал го израмни резултатот, но Ливерпул не успеа да направи нов пресврт и покрај иницијативата во финишот.
Освоениот бод нема големо значење за Јунајтед, но „црвените ѓаволи“ ја сочуваа својата чест и придонесоа за апсолутна драма во финишот од сезоната. Сега лидер е Арсенал со 71 бод, но само поради тоа што има подобра гол-разлика од Ливерпул. Манчестер Сити е трет со бод помалку.