Женската ракометна репрезентација на Македонија со двоцифрена разлика и со победа ги заврши квалификациите за ЕП откако пред неколку дена го обезбеди пласманот на континенталниот шампионат.
Во последното коло, нашите ракометарки ја совладаа Литванија со 34-24 и со четири триумфи оди на првенството што во ноември и декември ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија. Тоа ќе биде второ по ред, а вкупно седмо учество на македонската селекција на европските натпреварувања.
Нашите ракометарки одиграа одличен меч и во ниеден момент не ја доведоа во прашање својата победа. Литванија се одржуваше во игра во првите 15 минути кога беше 7-7, а потоа следуваше првата серија, од 6-1, за водство од 13-8. Во 27. минута беше 16-9, а на полувреме се замина со 18-12 за Македонија.
Македонија направи +10 со кои заврши натпреварот. Седлоска и Ризоска со по шест гола беа најефикасни во македонската репрезентација