Во првото интервју за Марка по потпишувањето на договорот со ПСЖ, Килијан Мбапе ги коментираше причините за останување, како и реакциите на некои играчи на Реал .
Откако полемиката околу Килијан Мбапе ја разреши Французинот кој остана во ПСЖ, самиот Мбапе им се обрати на медиумите во првото интервју по неговиот престој. Во него ги образложи причините за останувањето, изборот помеѓу ПСЖ и Реал, а ги коментираше и реакциите од Шпанија.
“Јас сум Французин, останувам во мојата земја, во нов проект и во нова ера на клубот. Мислам дека тоа е добра одлука. И што е најважно – тоа е само моја одлука”.
Иако изјави дека не знае каде ќе се гледа за три сезони, засега е фокусиран само на ПСЖ.
„Сега не размислувам за други клубови. Морам да го почитувам мојот клуб. Јас сум играч на ПСЖ. Точно, разговарав со Реал и Ливерпул. Црвената е омилена боја на мајка ми, па преговарав со Ливерпул, но тоа не беше ништо сериозно. На крајот избрав помеѓу Реал и ПСЖ. Минатата година сакав да се приклучам на Реал, сега мислам дека треба да останам. Останувам во мојата земја“.
Иако изјави дека сонот за Реал не е мртов, очигледно налути многу играчи на кралскиот клуб кои го очекуваа, а Карим Бензема луто реагираше.
„Да, видов какви работи објавуваат играчите на Реал. Немам што да кажам… Секако, кога ќе одам во репрезентацијата, ќе му објаснам на Карим зошто останав во ПСЖ. Ние двајца сме во добри односи“, рече тој.