Маркус Рашфорд се протна низ неколку противнички дефанзивци во шеснаесетникот на „лисиците“ и кога помисли дека е сам пред голманот Шмајхел, додека се подготввуваше да шутне од неколку метри беше соборен на земја. Првиот инстинкт му беше дека тоа е пенал и почна да реагира, за набрзо да сфати дека бил соборен од соиграчот Еланга. Згора на тоа, судијата досуди офсајд, бидејќи младиот напаѓач се кативира од офсајд во обид да избрза во обидот да погоди, иако неговиот поискусен колега и творец на шансата беше во далеку поповолна позиција.
На крајот, цел „Олд Трафорд“ наместо со рацете во вис да слави, се фати за главите не сфаќајќи што всушност сакаше да направи Еланга.