Сергеј Стаховски е еден од познатите спортисти кои земаа пушка во рака, а на него му се приклучи уште една украинска тениска легенда, Андриј Медведев.
Медведев играше тенис од 1991 до 2001 година, а стигна и до четвртото место во светот. Играше финале на Ролан Гарос и освои 11 титули, па сега реши да им помогне на сонародниците.
„Легендата на светскиот тенис е подготвена да остане во Киев и да ги чека непријателите. Неверојатно ми е мило да го видам капитенот на украинската репрезентација. Украински патриот“, напиша Стаховски.