Немилите сцени кои се случија во Мадрид му нанесоа голема штета на Партизан, се повреди Данте Егзум, а суспензии заработија Пантер (два меча) и Лесор (еден меч). Од раководството на црно-белите апелираат на фер и коректно навивање, но „Гробарите“ планираат освета која нема да им биде пријатна на реаловите кошаркари.
Се појавија информации дека денеска, кога кошаркарите на Реал Мадрид ќе пристигнат во Белград, пред хотелот ќе се соберат навивачи на Партизан кои ќе донесат звучници и сирени и нема да го остават противникот да заспие до рано изутрина.
Еден од навивачите на Партизан, на социјалните мрежи сподели мислење како би било најдобро да ги изненадат кошаркарите во „Штарк арената“.
„Комплетно ја подржувам идејата за ГРОМОГЛАСНА тишина кога ќе излегуваат играчите на Реал Мадрид. Ионака ќе бидат поделени црни маици на сите… Црно + тишина и гаќите сами ќе им паднат. А потоа, пробивање на сите децибели“, е идејата која веројатно ќе се реализира.
Некои предложија и голем транспарент на кој ќе има метла, што ќе симболизира дека Партизан ќе го „исчисти“ Реал Мадрид со 3-0.
Натпреварот се игра утре (вторник) со почеток од 20:30 часот во „Штарк арената“ во Белград, на Партизан му треба уште една победа за да го завери пласманот на фајнл-фор.