Кошаркарите на Реал Мадрид предизвикаа голем инцидент во вториот четвртфинален плејоф-меч против Партизан (80-95), што донесе суспензии за Јабуселе (пет меча), Дек една, Пантер (две и Лесор (една), но и ја вжешти атмосферата пред третиот и евентуалниот четврти дуел, кои ќе се играат во Белград.
Реал деновиве дополнително го зголемува притисокот врз црно-белите, кои ги добија двата дуели во Мадрид, со невообичаени барања поради наводна загриженост за нивната безбедност во главниот град на Србија. Тие до белграѓани доставиле долга листа барања за обезбедување, па речиси целата српска полиција треба да биде нагажирана околу Шпанците за да се задоволат нивните барања.
„*Автобусот да ги земе кошаркарите од авионска писта со цел да се избегне било каков контакт со навивачи и со медиуми.
*Полицијата ќе ја следи делегацијата од аеродромот до хотелот, потоа од хотелот до салата за време на тренингот. Исто така полиција мора да ги обезбедува и кога ќе одат на натпреварот, како и од хотелот до аеродромот.
*Пред хотелот во кој ќе бидат сместени кошаркарите на Реал Мадрид, постојано мора да има обезбедување.
*Обезбедувањето мора да биде зголемено и во салата, посебно околу клупата на Реал Мадрид“, се барањата на шпанскиот тим.
Според израелскиот медиум „Валаспорт“, управата на Партизан ги прифатила сите барања на Реал Мадрид, а истото го сторила и белградската полиција. Третата средба се игра во вторник во „Штарк арената“.