На 11 и 12 мај во Велес се одржа завршниот турнир во кошаркарската М12 лига во машка конкуренција. Во државното финале се сретнаа екипите на Водно Санс и на Феникс 2010, а натпреварот донесе големи возбудувања и заврши со победа на Феникс 2010.
Натпреварот имаше неверојатно издание на капитенот на екипата на Водно Санс – Давор Мојсовски кој беше најзабележителен играч на паркетот. Тинејџерот Мојсовски постигна феноменални 52 поени, 15 скокови, 4 асистенции и имаше 3 украдени топки.
Во “дабл-даблот” учинокот на Мојсовски имаше и 5 реализирани шутеви за 3 поени, што е своевиден раритет на натпреварите за деца до 12 години.
Изданието на Давор Мојсовски во текот на целата оваа сезона, вклучително и на завршниот турнир, дава за право да кажеме дека се роди нов дијамант на македонската кошарка.
Доколку го продолжи развојот на кариерата на ист начин како и досега, македонската репрезентативна кошарка ќе има со што да се гордее во иднина.