Ракометарките на Романија имаа добар старт на мечот и водството не го испуштаа во текот на целото полувреме, иако Шпанија успеа да врзе два гола по ред во последните минути за да намали на 11-12 пред паузата.
Романките со два гола по ред повторно се вратија на три разлика (14-11), по што девојките од Шпанија со нова мини-серија од 3-0 стигнаа до 15-15. Првиот пресврт беше забележан на средината од вториот дел (18-19), а војната продолжи до последните секунди каде што повеќе среќа имаше Романија.
Пинтеа со седум гола беше најдобра во тимот на Романија, додека Бармехо и Гонзалес постигнаа по четири погодоци за Шпанија.
Романија има два бода во групата 2, колку што имаат и Германија, Шпанија и Холандија по три одиграни меча, додека по четири бодови имаат Франција и Црна Гора.