Ракометарите од Берлин на стартот поведоа со 4-1, а потоа и со 7-4, но европскиот шампион имаше соодветна реакција и со три гола во низа израмни на 7-7. Пред крајот на полувремето „лисиците“ влегоа во нова серија и на полувреме заминаа со водство од16-13.
Предноста од три до четири гола Фуксе ја одржуваше и на стартот од вториот дел, по што следуваше нов налет на Магдебург и ново израмнување (20-20). Во финишот следуваше вистинска драма. Магдебург за првпат поведе, но Фуксе во последните минути влезе со плус два (29-27). Сепак, не ги одбрани, затоа што освојувачот на Лигата на шампионите со два гола се избори за продолжение. Во дополнителните пет минути одново се водеше голема битка, но на крај триумфираше Магдебург кој со 32-34 стигна до уште еден голем трофеј.
Најдобри поединци во таборот на шампионот беа Смарасон и Лагергрен со по седум гола, а девет имаше данскиот ас Гидсел.