Многу години играше во Премиер лигата, Џонџо Шелфи ја напушти Англија и направи прв интернационален трансфер, а по се изгледа, мораше да замине во Турција за да го постигне најубавиот гол во кариерата.
Искусниот играч за врска сега е член на Ризаспор, а денес се најде во центар на вниманието со неверојатниот гол кој го постигна во стилот на Дејвид Бекам.
Поранешниот фудбалер на Ливерпул и Њукасл забележа дека голманот на Истанбулспор не е на својата позиција, па успеа да го лобува од 60 метри испраќајќи неверојатен удар.
Овој гол беше постигнат во 5-та минута и сите на теренот беа шокирани од ремек-делото, но иако имаше уште многу за игра, тој беше и последен на оваа средба.
https://twitter.com/i/status/1723691469850993129