Партизан оствари голема победа со Келн (0-1) на гости во третото коло од Конференциската лига на УЕФА. Во деветтата минута Светозар Марковиќ со удар со глава погоди за 0-1.

Вилјареал ја декласира Австрија Виена со 5-0. Хет-трик постигна Моралес, а погодија и Баена и Данџума.

Убедлива беше и Фиорентина на гостувањето кај Хартс во Шкотска со 0-3. Мандрагора и Куаме обезбедија предност, а во завршницата Јовиќ го постави конечниот резултат.

АЗ Алкмар го победи Аполон со 3-2, Слован Братислава на гости го изненади Базел (0-2), а Ѓургарден победи кај Гент (0-1).