Шокантни вести доаѓаат од Аргентина, каде што младиот фудбалер Самјуел Ребољо се самоубил откако неговиот тим Атлетико Алдосиви решил да не му го продолжи договорот.
Младото момче пристигнало во екипата минатата сезона и одиграло неколку натпревари со резервниот тим во четвртата лига, но раководството му соопштило да си бара нов клуб по крајот на сезоната.
Тоа не можел да го преболи 20-годишниот фудбалер, кој очекувал да го потпише првиот професионален договор со аргентинскиот прволигаш.
„Жалиме поради смртта на Самјуел, играч кој беше дел од нашиот клуб минатата година. Раководството, тренерите, колегите и пријателите се збогуваат од него и ќе го паметат како одлична личност, која секогаш беше посветена на тимот“, соопштија од екипата.