Македонија ја очекува многу тешка задача, пред сѐ во пресметката за првото место со Грузијците, каде ќе мора да брка убедлива победа после скопските 0-3, а дополнителен проблем е што селекторот Благоја Милевски ги нема сите расположливи сили откако тројца од првичниот список отпаднаа поради повреди (Дарко Чурлинов, Валон Етеми, Стефан Ристовски), а тројца воопшто не се повикани зашто до минатата недела немаа клуб (Давид Бабунски, Кире Ристевски, Бобан Николов).
Расположението кај фудбалерите е на ниво, зашто после три месеци ова е нивни прв собир, а допрва ќе почне да се крои тактиката прво за гостувањето во Тбилиси, па за балканската пресметка со Бугарија во Скопје. Првиот тренинг е денеска од 17.30 часот на тренинг-центарот на ФФМ.