Аргентинската фудбалска легенда Лионел Меси беше прогласен за спортист на годината од страна на американскиот магазин „Тајм“.
Магазинот потсети на почетокот на Меси во дресот на Интер Мајами, кога во последните секунди од дуелот против Круз Азул постигна прекрасен гол од слободен удар и веднаш ги освои срцата на навивачите.
Меси постигна 10 голови во седум натпревари во американскиот Лига Куп за Интер Мајами, по што се повреди во септември, но и покрај тоа покажа дека е важен член на американската екипа и тоа „Тајм“ го награди пред крајот на годината.